Колку добри вести за младите Берлинци! Локалните власти на главниот град на Германија сега плаќаат за одење во клубови, но и на културни настани. Токму така, билетите за некои од најпрестижните места во главниот град на ноќниот живот во светот нема да чинат апсолутно ништо. Да, апсолутно ништо.
Таканаречената „Jungendkulturkarte“ (културна картичка за млади) е пуштена во употреба за сите жители на Берлин на возраст од 18 до 23 години. Во екот на пандемијата и постојаните притисоци со кои се соочуваат младите, таа беше дизајнирана да ги поттикне младите да учествуваат во културни настани низ градот.
И тоа не ги вклучува само клубовите. Младите Берлинчани можат да ја користат картичката и за пристап до музеи, кина, театри, па дури и до операта. Картичката доаѓа со однапред вчитан кредит во вредност од 50 евра и може да се користи до 30 април 2023 година.
Кога станува збор за клубови, Jungendkulturkarte може да се користи во клубови како што се Cassiopeia, SchuwZ и Prachtwerk. Картичката може да се користи само за влез – со други зборови, не можете да ја користите за да уживате во бесплатни пијалоци.
Интересно е и тоа што картичката не е достапна само за германските граѓани. Сите жители на Берлин – вклучувајќи ги и оние кои студираат и работат во странство – се подобни. Значи, ако има некој меѓу нашите читатели кој привремено (или трајно) работи/студира во Берлин, еве можност да уживате во културната и забавната понуда на градот!