Бидете сам свој мајстор: Следете ги овие чекори ако сакате совршено обликувани веѓи

20 јануари, 20230
523786_ooooooooo_f

Без проблеми

Ако сте една од оние жени кои имаат потполно природни веѓи, тогаш знаете кога е време за чупање. Па, што ќе правите?

Претпоставуваме дека ќе земете огледало или ќе отидете до класичното огледало во бањата, односно каде што светлината е совршена и каде јасно се гледа секое влакно.

Покрај оние влакна кои навистина треба да ги извадите, ќе ги видите и оние кои допрва треба да израснат, а знаете што значи тоа – нервирање и влечење на кожата додека не дојдете до тоа влакно кое едвај штрчи. Ова може да доведе до болни, црвени рани и враснати влакна.

Оддалечете се од (нормалното) огледалото и погледнете го целото лице. Така јасно ќе видите што треба, а што не треба да има во пределот на веѓите.

Влакната кои се „подготвени“ за вадење ќе се отстранат само со еден потег, додека другите, кои не можете така лесно да ги исчупате, треба да ги оставите уште ден-два.

Реално, никој нема да ги забележи вашите неколку влакна, кои всушност само вие ги гледате. Не би била лоша идејата да го испарите лицето или да ги искубете по капењето, бидејќи пареата и топлата вода ќе ги отворат порите, што ќе го олесни целиот процес.

Немојте да бидете нетрпеливи, а ако немате нерви сами да ги чупате веѓите – козметичарките секогаш ви стојат на располагање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi