БОКИ 13 СМЕСТЕН ВО БОЛНИЦА: Се соочува со МНОГУ РИЗИЧНА операција, а исходот е неизвесен!

17 март, 20230
Screenshot_2

Бојан Јовановски Боки 13 од денеска е во градската болница „Наум Охридски“.

 

 

Тој е хоспитализиран, но се уште не е опериран. Според извори на Канал 5 од болницата, се уште нема конечна одлука дали на Јовановски ќе му биде извршена тешката операција целосно отстранување на желудникот. Според последниот извештај според направената гастроскопија било констатирано дека здравјето на Бојан е алармантно и се предлага целосно отсранување на желудникот. Иако во извештајот стои дека денеска ќе има прием за оперативен зафат како неодложна интервенција операција нема да има се додека не се направи целосно медицинско испитување. Станува збро за тешка интервенција со неизвесен исход и но живот со траен инвалидитет.

 

„Согласно специјалистичкиот извештај, ве информираме дека за извршувањето на операцијата која по својот карактер е сложена, високо – ризична и со неизвесен исход од истата, формиран е тим на повеќе хирурзи – специјалисти од областа кои ќе ја извршат операцијата, а истовремено напоменуваме дека хирурзите – специјалисти се оградуваат од ризикот и одговорноста за исходот од оперативниот зафат, дотолку повеќе што тие навремено и повеќекратно даваа категорични препораки и укажувања преку конзилијарните стручни мислења да не дојде до оваа операција и да се избегне овој мутилантен хируршки зафат, од причини што самата хируршка интервенција е високо ризична и сложена, придружувана со можни компликации кои можат да бидат кобни за пациентот“, пишуваат од правниот тим на Боки 13.

 

Правниот тим на Бојан Јовановски во Основниот кривичен суд веќе поднесоа ново барање за прекин на издржување на казната затвор и очекуваат одлука која ќе биде донесена во итен рок и која ќе биде темелена врз основа на реални факти и неселективна оценка на доказите со примена на начелото на хуманост, согласно новонастаната состојба.

 

Бојан Јовановски-Боки 13 издржува казна затвор од девет години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари во случајот „Рекет“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *