Се чувствувате безволно и поспано? Може да станува збор за ПРОЛЕТЕН ЗАМОР, а еве зошто се појавува и како да го ублажите

17 март, 20230
Screenshot_4

Пролетта носи потопли денови, полни со сонце во кои е лесно да се ужива. Сепак, за некои од нас, пролетта го враќа познатиот пролетен замор кој често е придружен со лошо расположение.

 

 

 

Нашето тело мора да се прилагоди

За време на зимските денови, нашето тело произведува големи количини на мелатонин, хормон за спиење. Со пристигнувањето на пролетта, нашето тело мора да се прилагоди на големата изложеност на сонцето, што резултира со производство на сератонин. Овие промени на телото не секогаш се одвиваат совршено и често се придружени со замор, анксиозност, вртоглавица, главоболка, некогаш дури и депресија.

 

 

 

Влијанието на недостатокот од магнезиум

Симптомите на пролетниот замор може да траат со недели, но, можеш да си помогнеш со:

 

  • престојување во природа
  • редовно вежбање
  • внесување на доволни количини вода
  • внесување на свежо овошје и зеленчук

Лицата кои не конзумираат доволно количини на свеж зелен лисест зеленчук, јатки и семки, може да страдаат од недостаток на магнезиум во телото. Имено, за време на готвењето, зеленчукот може да изгуби многу важни минерали, најважниот од нив е магнезиумот. Магнезиумот помага во нормалното функционирање на нервниот систем и неговиот недостаток може да предизвика намалена концентрација и чувство на страв, анксиозност и гадење.

 

 

 

Кој најчесто страда од недостаток на магнезиум?

Луѓето кои се најмногу изложени на стрес, дијабетичари, лица кои конзумираат високи количини на јаглехидрати, астматичари и пациенти со кардиоваскуларни болести, често имаат недостаток на магнезиум во телото. Исто така, недостатокот од магнезиум во телото може да биде проблем за децата, атлетичарите и бремените жени.

 

 

 

Решение: правилна исхрана и доволно сон!

Ако страдаш од недостаток на магнезиум во телото, најдобро ќе биде да го зголемиш внесувањето на храна богата со големи количини од овој значаен минерал. Дополнително, важно е да поработиш и на квалитетот на сонот. Најди ја омилената техника за опуштање и почни да ја практикуваш секоја вечер пред спиење. На овој начин, мускулите ќе се опуштат и тоа ќе има позитивен ефект на квалитетот на сонот. Правилната исхрана и квалитетниот сон значително ќе придонесат го целосно закрепнување на телото.

 

 

 

Да заклучиме …

Секој од нас сака да се чувствува одморено и подготвено# за акција, но, ова често бара одредени жртви и промени во секојдневниот живот. На крај, изборот е твој – можеш да се чувствуваш лошо и изморено со недели или да преземеш нешто и да се ослободиш од пролетниот замор, што е можно побрзо. Со среќа!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi