Доколку сакате да ја промените бојата на косата, важно е да изберете нијанса која одговара на вашето лице, советуваат светските фризери.
За да не изгледате бледо или премногу темно, погледнете која боја на коса одговара на вашиот тен и што е најважно – која ќе го освежи и ќе му го даде потребниот сјај и блескавост.
Чоколадна нијанса
Оваа боја одговара и на темен и на светол тен, но доколку сакате да преминете од црна во оваа топла нијанса, вашиот тен ќе добие дополнителен сјај. Чоколадната нијанса спаѓа во категоријата кафена, но не е премногу темна или премногу светла.
Позлатена нијанса
Златните тонови изгледаат добро на сите дами, особено во летните месеци кога тенот е исончан бидејќи тогаш лицето доаѓа до израз. Доколку сте природна русокоса, ставете акцент на вашата коса или додајте топли прамени бидејќи тие визуелно ја прават вашата коса погуста. Беж-златна нијанса подобро им одговара на луѓето со поладен, поблед тон на кожа, додека килибар-златна нијанса ќе изгледа прекрасно на луѓе со потопол, жолтеникав нијанса на кожа.
Мед боја
Ова е боја која одговара на секој тон на кожа, поради што најмногу се користи. Нијансата на мед е обожавана поради нејзината умереност и ефектот што го има на лицето. Може да се користи како основна боја, но и како боја на прамени, а во двата случаи лицето доаѓа до израз. Разликата помеѓу оваа и позлатената нијанса е што медената боја е малку потемна.
Беж нијанса
Бојата на коски или пченица спаѓа во категоријата беж, а доколку имате темен тен, не плашете се да експериментирате со оваа нијанса. Покрај тоа, беж косата изгледа убаво дури и кога имате видлив израсток.