НАПРАВЕТЕ ПИЦА БЕЗ ГРАМ БРАШНО! Никогаш не би помислиле да ја искористите оваа намирница за да направите тесто

3 март, 20230
670915_american-1238674-960-720_f

Сакате здрава пица, па сега е време да се обидете да направите тесто од карфиол.

Состојки:

800 гр карфиол

2 јајца

200 гр гауда

сол, бибер, лук во прав

2 супени лажици маслиново масло

фил по желба

оригано

Подготовка:

Карфиолот измијте го, исчистете го и смелете го во процесор за храна (да биде со големина на зрно ориз, ако немате процесор за храна, користете ренде и изрендајте го од страната со најголеми дупчиња). На масло пропржете го сечканиот карфиол околу 10 минути. Зачинете со бибер, сол и лук по желба.

Карфиолот отавете го да се излади, па додадете ги јајцата и ренданото сирење. Префрлете ја смесата на хартија за печење, формирајте пица со обем од околу 30 см. Печете во загреана рерна на 250°C околу 15 минути или додека тестото не ја промени бојата.

Дури тогаш на испеченото тесто можете да ги ставите додатоците за пица, но внимавајте да не претерате, на крајот посипете со оригано. Вратете ја во рерна 5-8 минути додека да се растопи кашкавалот. Изладете ја пицата и послужете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi