БРАУНИ со ЧОКОЛАДО и ТИКВИЧКИ! Весели, посни залчиња!

13 март, 20230
553176_brauni_f

Овој вкусен и сочен чоколаден десерт со тиквички е одличен начин да ги искористите вишокот тиквички што можеби ги имате. Состојките како какао во прав, екстрактот од ванила и ренданото чоколадо му даваат богат вкус, додека чоколадната глазура одлично оди со слатките тиквички…

Состојки:

две шолји брашно

шолја и пол шеќер

половина шолја масло

четвртина шолја какао во прав

две шолји рендани, исцедени тиквички

две лажички екстракт од ванила

лажичка и пол прашок за пециво

прстофат сол

шолја рендано чоколадо

За глазурата:

две лажици шеќер во прав

120 гр чоколадо

лажица масло

Подготовка:

Брашното, маслото и шеќерот измешајте ги со миксер. Додадете ги какаото, ванилата, тиквичките, прашокот за пециво и солта. Соединете, измешајте ја ренданата чоколада, па добиената смеса истурете ја во тава обложена со хартија за печење. Печете во рерна на 180 степени 30 минути. Во меѓувреме растопете го чоколадото на пареа со масло и шеќер, прелијте го печениот колач, изладете, исечете на коцки и послужете.

Уживајте!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi