Брзо се прават, а уште побрзо се јадат: Рецепт за најмеките КРОАСАНИ готови за 20 минути

25 јануари, 20230
353844_kroasanishutterstock-359916176_ff

Во далечната 1915 година, францускиот пекар Силвен Клаудиус Гој напишал рецепт за кроасани. Порано главно се правеа празни, но откако станаа препознатлив француски производ, „претрпеа“ бројни промени.

Денес, полнењата за кроасан се различни, но тестото во основа е исто.

Подолу е рецепт за совршени кроасани:

Состојки:

500 гр брашно
1 кесичка прашок за пециво
1 кесичка сув квасец
2 dl топло млеко
сол по вкус
1 dl масло
1 мала лажичка сол
2 лажици кисела павлака
1 јајце за премачкување
сусам, ким по желба

Подготовка:

Прво, измешајте го сувиот квасец во млекото и оставете го да се активира. Во друг сад измешајте брашно и прашок за пециво, па додајте квасец, сол, масло и павлака.

Се замесува тесто, а по потреба се додава и брашно за смесата да биде мека и да не биде многу тврда.

Расукајте го тестото во круг со сукало, па исечете го на триаголници и свиткајте го како кифлички.

Наредете ги во плех обложен со хартија за печење, а пред да ги ставите во рерна премачкајте ги со путер и по желба посипете ги со сусам или ким.

Кроасаните печете ги на 180 степени 15 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi