Брчките исчезнуваат, кожата СВЕТИ: Ако го направите ова пред СПИЕЊЕ, вашето лице ќе заблеска

25 јануари, 20230
shutterstock_131469752

Вечерната нега на лицето е неопходна

Правилниот избор на производи, а не нивната количина е важен за здрав, негуван и младешки изглед на кожата на лицето, а првиот чекор секогаш треба да биде добро и темелно отстранување на шминката.

Експертите наведуваат дека навечер, пред спиење, најважно е да се отстрани апсолутно целата шминка од лицето, како и нечистотијата што се таложи на кожата во текот на денот. Познато е дека Јужна Кореја е „лулка“ на негата на кожата, а тамошните експерти за кожа препорачуваат двојно чистење на лицето кое се изведува на следниот начин – прво отстранете ја шминката со крема за чистење лице на база на масло и потоа со пена за чистење на лицето.

На второ место е хидратацијата. Многу е важно кремата што ја нанесувате навечер да ја зачува влажноста на вашата кожа и наутро да се разбудите со негувано лице. Се препорачува да се користат производи со хијалуронска киселина, кои ќе му додадат навлажнувачки својства на секој крем.

Можете да користите и хидратантна ноќна маска за лице. Дополнително ќе ја омекне вашата кожа и ќе ги намали брчките, а кожата ќе остане хидрирана во текот на ноќта, додека спиете.

На трето место се производите против стареење, а кога станува збор за оваа категорија, на врвот на листата на состојки се ретинолот и антиоксидансите, кои се наоѓаат во ноќните серуми и другите производи од овој тип.

Посебно внимание треба да се посвети на очите и усните, бидејќи кожата на тие делови од лицето е исклучително тенка и чувствителна, па бара дополнителна нега. Третирајте го пределот околу очите со ретинол креми, а усните со балсам, особено пред спиење, така што кожата ќе се храни во текот на ноќта.

Пилингот на лицето се препорачува да се прави два пати неделно, со цел да се ослободите од мртвите клетки на кожата кои се таложат во текот на неделата. Се препорачува да се направи пилинг пред спиење, за да се опушти кожата и да се намали црвенилото до утрото. По пилингот треба да се нанесе крем за лице за да се смири кожата.

И за крај, здравиот и редовен сон е клучен фактор за здрава кожа. Дополнително, се советува да се обидете да спиете на грб, а не на страна или на стомак, бидејќи во овие случаи се создава притисок на кожата на лицето што предизвикува појава на брчки. Дополнително, со спиењето на грб, спречувате собирањее на течност во пределот околу очите и избегнувате појава на темни кругови и утринско црвенило.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *