Дека има се повеќе туристи од кога било, тоа го знаат и врапчињата на гранките. Сепак, некои дестинации одлучуваат да се борат против големиот број туристи со воведување нови даноци, па одморот неминовно ќе поскапи. Веројатно веќе сте налетале на информации дека Венеција планира на гостите да им наплати градска карта за еднодневна посета, но нема да поскапи престојот во градот на каналите…
Туристичката такса во каталонската престолнина Барселона е воведена уште во 2012 година. Годинава порасна на 2,75 евра за ноќ, а од 1 април следната година (не, не е шега) таа сума ќе се зголеми за 50 центи. Градскиот совет, кој ја донесе одлуката, вети дека парите ќе бидат вложени во подобрување на градската инфраструктура, вклучително и инвестиции во патишта, автобуски превоз и слично.
На истиот потег се одлучи и друг шпански град. Станува збор за градот на познатиот архитект Сантијаго Калатрава, секако – Валенсија. И таму туризмот во последните години доживеа „бум“, а данокот се планира да се воведе кон крајот на оваа или на почетокот на следната година. Ќе се плаќа помеѓу 50 центи и 2 евра во зависност од изборот на сместување, а максимумот може да се наплати за период од 7 дена. Валенсија, пак, има други намери освен планираниот прилив на пари, а тоа е инвестирање во инфраструктурни проекти кои ќе им помогнат на локалното население да добие поповолни туристички услуги.
Сепак, не наплатуваат само Шпанците, туку и португалското рибарско село Олхао. Во текот на сезоната (од април до октомври) спиењето чини две евра, а надвор од овој период – двојно повеќе. Овде целта е да се намали бројот на туристи (иако е под знак прашалник колку е успешно тоа со оглед на висината на туристичката такса), а заработката ќе биде наменета за зголемување на чистотата и безбедноста. Некои други градови во регионот Алгарве веќе воведоа даноци, еден од нив е Фаро.
Венеција веќе ја спомнавме на почетокот. Очигледно нивниот хонорар ќе се „активира“ во текот на пролетта и летото следната година, но се уште се чекаат точните датуми. Доколку не преноќите во овој град, ќе се олесните за 5 евра.
Да биде појасно, воведувањето такси не е ништо ново, а го има и во Хрватска, Франција, Чешка, Германија… Некои земји како Јапонија и Нов Зеланд сами наплаќаат влез во државата, а некои само за ноќевања. Сепак, најдрастичен пример за наплата на данок е оној од Бутан. Иако е посебен, бидејќи вклучува сместување, превоз и некои билети, сепак изнесува неверојатни 228 евра. За еден ден.