Вашата ПРАВОСМУКАЛКА не работи како порано? Направете една работа и ќе биде како нова!

popara18 октомври, 20231min00
cbb78cac1c1f261d805f574a0887e5fd8ac86bd6

Со долготрајна употреба, се случува правосмукалката да работи се помалку и помалку. Еве што треба да се направи за да биде повторно како нова.

Прво, отворете го делот од правосмукалката каде што се наоѓа вреќата за прав. Забележете ја гумата на капакот. Оваа гума, кога капакот е затворен, треба да контактира со гумата на вреќата за прав и херметички да биде запечатена.

Многу често, на гумата се создаваат наслаги од прашина, кои на некои места се дебели и до еден милиметар.

Поради ова, двете гуми не се лепат една до друга и моторот наместо да влече воздух низ цревото на правосмукалката, го влече воздухот помеѓу овие две гуми, што значително ја намалува моќта на чистење.

Слично може да се случи и на гумениот дел од вреќата за прав. Решението, погодувате, е едноставно. Отстранете ги тврдите наслаги од гумата со влажна крпа. Направете го истото на вреќата за прав.

После тоа, неопходно е да се исчистат и филтрите, кои значително се валкаат по долго време користење на правосмукалката. Отстранете го вшмукувачкиот филтер од куќиштето. Направете го истото со филтерот што го чисти воздухот што излегува од правосмукалката.

Најпрво добро протресете ги двата филтри, а потоа измијте ги со вода и детергент (можете да ставите и нови ако ги имате). По сушењето, вратете ги филтрите на своето место.

Кога ќе ја вклучите правосмукалката, ќе видите дека повторно работи како нова – добро вшмукува и не се прегрева.

Ако сè уште не работи, или повикајте механичар да провери или време е да купите нова.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma