Венеција одлучи – туристите ќе плаќаат данок: Што ќе му донесе на градот и кој ќе биде ослободен

popara19 септември, 20231min00
Венеција одлучи - туристите ќе плаќаат данок

Овој италијански град отсекогаш привлекувал многу посетители.Во последно време актуелна тема е воведувањето на такси за влез и престој во Венеција.Оваа одлука наиде на неодобрување кај туристите.Според „Cnbc.com“, Градскиот совет на Венеција ја одобрил долгоочекуваната уредба за оданочување на посетителите по пет евра (5,38 долари) дневно за да го посетат градот. Секој помлад од 14 години е ослободен,како и оние кои планираат да преноќат,иако подлежат на посебна туристичка такса воведена во 2011 година.Овој данок варира во зависност од сезоната на патување,видот на сместувањето и локацијата,според градските веб-страница – и обично е помеѓу едно и пет евра по лице по ноќ,за првите пет ноќевања.

Со воведувањето на оваа такса планираме да започнеме во 2024 година и тоа 30 непоследователни денови,најмногу за продолжени викенди,особено во пролет и лето.

Градоначалникот на Венеција Луиџи Брунјаро објасни зошто се решиле на тој чекор.

– Новиот данок е обид да се заштити градот од масовен туризам.Експериментот ќе го извршиме со голема понизност и ќе се трудиме никому да не му наштетиме – рече тој.

Венеција со години си поигрува со идејата за оданочување на дневните посетители,како една од неколкуте мерки за спречување на прекумерниот туризам во градот.Венеција е дом на околу 50.000 жители во историскиот дел на градот каде посетителите се симнуваат од бродовите за крстарење за да ги фотографираат познатите канали и градските плоштади во италијанскиот град.

Дали дневната такса ќе функционира?

Градот Венеција моментално ги казнува посетителите кои јадат или пијат на земја,седат на споменици и мостови или пливаат во неговите канали,се наведува на веб-страницата на градот.

Татјана Цуканова,научен соработник во Швајцарија,смета дека даноците и казните нема да бидат доволни во борбата против прекумерниот туризам,но се надева на најдоброто.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag