Висечкиот мост кој ја промени историјата: Пионирот кој годишно префрлува милиони луѓе и автомобили преку реката

popara6 октомври, 20231min00
62645599-most-vizcaya

Мостот Вискаја над реката Нервион или како што велат во Баскија, Бискаико Зубија е најстариот транспортен мост во светот, кој ги поврзува шпанските градови Португатете и Гексо, кои се наоѓаат северно од Билбао. Локалните жители го нарекуваат „висечки мост“, но Визкаја е транспортен мост со гондола што носи патници и е првиот мост од ваков вид што некогаш бил изграден.

Во времето кога бил изграден, се сметал за архитектонско чудо бидејќи им дозволувал на бродовите непречено да пловат. Овој бисер на индустриската револуција беше создаден на крајот на 19 век, а малку подоцна беше признат од УНЕСКО и вклучен во неговата листа. Во подоцнежните години, низ светот беа изградени бројни транспортни мостови по моделот на Визкаја. Мостот е дизајниран од архитектот Алберто Паласио за да ги поврзе двата града за да нема потреба да се прекинува бродскиот сообраќај од Билбао до морето, ниту пак да се градат масивни рампи.

Vizcaya е создаден од кабли од железо и лесен челик и стана првиот висечки мост што превезувал патници и автомобили на гондола. Мостот е долг 164 метри и висок 45 метри. На гондолата и се потребни околу 90 секунди за да превезе шест автомобили и 200 луѓе од едната до другата страна без да го наруши бродскиот сообраќај. Откако беше пуштен во употреба, мостот превезол околу 650 милиони луѓе, а ако се собере растојанието што тие го поминале, тоа би било еднакво на 31 пат околу Земјата.

Годишно Vizcaya префрла по шест милиони патници. Во 1999 година, мостот доби лифт, првенствено за туристите, за да можат да одат по железната конструкција и да уживаат во погледот на околината (под услов да не се плашат од височини).

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag