Високо во облаците: Знаете ли кои се највисоките згради во Њујорк?

popara2 септември, 20231min00
62620465-new-york

Тешко е да се спомнат облакодерите во Њујорк без да се потсетиме на никогаш прежалените, легендарни Близначки. За жал, од 11 септември 2001 година, тие се минато, но Големото јаболко, за среќа, сè уште има многу облакодери со кои може да се пофали. Сепак, некои се повисоки од другите, а ова е листа на топ 5-те највисоки!

One World Trade Center/Freedom Tower – 541 метри

Се разбира, се работи за истата зграда, иако е позната по две имиња. Дизајнирана е од Дејвид Чајлдс и отворена за јавноста во 2014 година. Целата зграда од основата до врвот е висока 541 метар, а во стапки е 1776. Иако не сме многу запознаени со мерењето во стапки, љубителите на историјата ќе знаат дека оваа бројка е сè само не случајна, бидејќи Декларацијата за независност била потпишана во таа година. Самата зграда содржи 104 ката канцелариски простор, а кулата на врвот додава значителна висина на овој облакодер. Изградена да ги замени кулите близначки на поранешниот Светски трговски центар. One World Trade Center е највисоката зграда на западната хемисфера и седмата највисока зграда во целиот свет. Посетителите можат да се искачат на кулата до палубата за набљудување и да доживеат панорамски поглед на целиот град.

Central Park Tower – 472 метри

Оваа кула е висока импресивна 472 метри, што ја прави највисоката станбена зграда во целиот свет. Дизајнирана од врвните архитекти Адријан Смит и Гордон Гил, а откриена во 2020 година, зградата е дом на низа луксузни, високи апартмани кои имаат пристап до базени, теретана, велнес, па дури и приватно кино. Централната локација на зградата значи дека апартманите внатре имаат прекрасен поглед на Централ Парк, но бидејќи се работи за приватни резиденции нема да уживате во глетката, бидејќи е резервирана само за богатите.

Steinway Tower – 435 метри

Њујоршката кула Штајнвеј се наоѓа во област позната и како Алејата на милијардери, што јасно ви кажува дека квадратурата овде е сè освен евтина. Кулата Steinway е завршена пред две години и намерно потсетува на модернистичкиот архитектонски стил од 1930-тите, со заострена силуета и бронзени елементи. Оваа станбена зграда се состои од 46 полни ката и двокатни резиденции, а се издига високо над градот, со впечатлива украсна круна изработена од челик. Иако внатрешноста на зградата е приватна, посетителите можат да се восхитуваат на импресивно тенката надворешност на зградата, која често се нарекува најслабиот облакодер на светот.

One Vanderbilt – 427 метри

Четвртата највисока зграда во Њујорк, One Vanderbilt има неверојатни 93 ката канцелариски и комерцијален простор. Овој стаклен облакодер е завршен во 2020 година и има карактеристичен скалест изглед што го прави да се издвојува во морето од градски облакодери. Зградата нуди импресивен поглед на градот, а бидејќи честопати е домаќин на разни уметнички изложби и културни настани, нема да ви биде досадно за време на вашата посета.

432 Park – 426 метри

Овој импресивен облакодер (со оглед на тоа што се искачува на 400+ метри во воздух) се состои од 92 ката, од кои секој е приватна резиденција. Со остар, модерен и минималистички дизајн, овој облакодер беше највисоката станбена зграда во светот кога беше завршена во 2015 година, пред да биде престигнат од кулата Централ Парк и кулата Стејнвеј. И покрај ова, кулата е сè уште една од најимпресивните станбени високи згради некогаш изградени, со тавани од приближно 4 метри и огромни прозорци кои нудат поглед на градот и Централ парк.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag