Во Истанбул има безброј интересни места за посета, но Музејот на играчки е еден од најуникатните

popara18 јуни, 20231min00
istanbul-toy-museum-2-830x0

Уникатен во Турција, но и во светот, Музејот на играчки во Истанбул на посетителите им подарува своевидно патување назад во нивното детство, што е и мотото на овој необичен музеј.

На 23 април 2005 година, кога земјата го слави и Денот на детето, Сунај Акин, турски поет и писател, отворил Музеј на играчки во неговата семејна вила во Истанбул. Тоа бил првиот и единствен приватен музеј за играчки во земјата, според официјалната веб-страница.

Денес во богатата колекција има седум илјади антички играчки од различни земји, кои Акин долги години ги купувал од колекционери и антикварници.

На четирите ката од зградата која е на семејството на сопственикот се изложени четири илјади играчки.

Кукла направена во Америка околу 1820 година, најстарата виолина направена во Франција во 1817 година, играчки од Германија направени од калај, порцелански кукли – ова се само дел од предметите од богатата колекција на Музејот на играчки во Истанбул.

Внатрешниот дизајн на овој необичен и уникатен музеј е особено интересен, бидејќи секоја соба претставува свој амбиент.

Со текот на времето, Турција стана побогата со повеќе слични музеи, моделирани по овој, па музеите за играчки може да се видат и во другите градови во земјата.

А со цел најмладите посетители на овој музеј целосно да уживаат, Музејот на играчки организира различни забавни активности, прилагодени на деца од различна возраст. Денови на читање книги, фотографски и креативни работилници, како и театарски претстави и ликовни семинари, се дел од активностите на располагање на најмладите посетители на овој музеј.

Музејот на играчки во Истанбул е отворен за посета во сите работни денови, освен понеделник, од 10:00 до 18:00 часот по локално време, додека за викендите е отворен од 10:00 до 18:30 часот.

Цената на билетот е 250 турски лири, што е околу 10 евра. Децата до три години и лицата со попреченост, како и другите категории посетители, како што се лиценцирани туристички водичи и новинари, не плаќаат влезница. За учество во работилници и други активности на музејот, потребно е претходно да се направи резервација по телефон, наведена на официјалната веб-страница.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma