ГЛАМУРЗНИ изданија на познатите на Оскарите: Тепихот наместо во црвена, првпат беше во ШАМПАЊ боја (ФОТО)

popara13 март, 20231min00
oscars_kaver

Оваа боја помогна да се олесни преминот од дневните пристигнувања во елегантен вечерен амбиент

Нема сомнеж дека славните личности секогаш блескаат на вакви настани, а тоа беше случај и на овогодинешните Оскари.

Како што навикнавме црвената да биде доминантна боја на ваквите настани, овојпат наместо неа главна беше шампањ бојата кој го украси тепихот наменет за познатите личности.

Актерката Кејт Бланшет, која по осми пат е номинирана за награда за најдобар филм, носеше елегантен фустан со сина лента направена од бегалци како дел од иницијативата на агенцијата за бегалци на Обединетите нации.

Актерката Мишел Јео пристигна во бел фустан на Диор со реси со дијаманти, додека актерката Мишел Вилијамс носеше украсен бел Шанел фустан со проѕирен преклоп обложен со кристали.

Лејди Гага, која во текот на вечерта ја изведе песната „Hold my hand“, пристигна во црн фустан од модната куќа Версаче со проѕирен корсет.

Ријана, која исто така пееше на церемонијата, изведувајќи ја „Lift Me Up“, носеше фустан од кожени ремени и тул.

Ирската ѕвезда Пол Мескал долови атмосфера од 1970-тите во неговиот бел смокинг и панталони од Гучи, додека актерката Џејми Ли Кертис заслепи во фустан од Долче Габана украсен со кристали и светки.

Анџела Басет, номинирана за најдобра споредна женска улога за улогата на кралицата Рамонда во „Black Panther: Wakanda Forever“, беше облечена во кралска виолетова нијанса.

Двејн Џонсон носеше бледо розев смокинг и рече дека неговите ќерки му помогнале да ја избере облеката.

Актерката Хали Бери носеше бел сатенски фустан на Тамара Ралф со украс од розово злато, а Џенифер Конели носеше црн фустан од Луј Витон со светкава структура околу вратот.

Одлуката за промена на црвениот тепих по 62 години ја донел креативен консултант, кој објасни дека тепихот во „шампањ“ боја ќе помогне полесно да се „премине од дневни пристигнувања во елегантен вечерен амбиент“.

Осврнувајќи се на шамарот на Вил Смит минатата година, водителот Џими Кимел се пошегува: „Мислам дека одлуката да се оди на шампањ тепихот, а не на црвен покажува колку сме сигурни дека нема да има крвопролевање“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma