Град со богато културно и историско наследство кој е еден од НАЈПОСЕТЕНИТЕ во Италија

popara10 август, 20231min00
florence-54737161920-830x0

Со причина, главниот град на регионот Тоскана е еден од најпосетуваните во цела Италија. Фиренца годишно ја посетуваат милиони туристи од целиот свет, кои уживаат во нејзиното богато историско и културно наследство.

Гај Јулиј Цезар ја основал Флорентина, на местото на денешна Фиренца. Тоа бил град на реката Арно, кој имал исклучително големо стратешко значење.

Како што одминувало времето, така напредувала и Фиренца. Особено за време на тривековното владеење на семејството Медичи, кога стана не само интелектуален, туку и културен центар на Европа.

Најпознатите атракции на Фиренца

Каде и да сте во градот на реката Арно, сигурно ќе имате можност да видите една од атракциите.

Една од најпознатите градби во Фиренца е секако Дуомо, кој воедно е и еден од симболите на градот. Со својата купола висока 115 метри, катедралата Санта Марија дел Фиоре доминира во Фиренца.

Не помалку внимание привлекуваат палатите, меѓу кои се издвојува Палацо Векио, во која со векови се наоѓало седиштето на Владата. Денеска во неа се наоѓа музеј, а особено атрактивна е посетата на кулата на оваа палата, од каде што има нереален поглед на Фиренца.

Не треба да се заборави и поранешната резиденција на семејството Медичи, но и палатата Пити, која е особено атрактивна поради прекрасно уредените градини.

Музеи во Фиренца

Во град кој има толку богато историско и културно наследство, музеите се исклучително важни атракции.

Galleria degli Uffici е секако најпознатиот музеј на овој италијански град. Покрај „Раѓањето на Венера“, чиј автор е славниот Ботичели, овде може да се видат и многу важни предмети кои припаѓале на членовите на семејството Медичи.

Посетителите можат да видат и многу интересна колекција во Палацо Пити, додека градините Боболи, кои се наоѓаат околу неа, се еден вид музеј на отворено што ги маѓепсува посетителите. Освен по прекрасниот распоред, овие градини се познати и по бројните скулптури кои се наоѓаат во нив. А за сè да биде уште поинтересно, до нив може да се стигне со преминување на реката Арно преку мостот Понте Векио, кој е уште едно обележје на Фиренца.