Грчки остров кој ве инспирира да го промените погледот кон животот: Итака е скапоцен камен на Јонското Море

popara4 јули, 20231min00
Screenshot_16

Доколку сакате да поминете одмор подалеку од сите, овој остров е вистинскиот избор

 

 

 

Во западниот дел на Грција, во непосредна близина на Кефалонија, се наоѓа Итака, остров на кој живеат само неколку илјади жители, благословени да уживаат во неверојатната убавина што им ја подарила природата.

 

Тиркизното сино море и појасите на смарагдните шуми изгледаат како да се откорнати од рајот.

 

Како островот го добил своето име отсекогаш се „кршеле копја“. Според некои извори, името се должи на митолошкиот херој Итакус кој го колонизирал овој островски скапоцен камен со своите браќа во 1320 година п.н.е. Други извори, пак, наведуваат дека Итака го добила името од грчкиот збор што значи среќен, а сè уште постои теорија дека името на островот всушност значи колонија од феникискиот збор „утика“.

 

Она што, сепак, никој не го доведува во прашање е симболиката на зборот Итака, кој означува цел, копнеж по татковината, носталгија…

 

Симболот на островот е Одисеј; Итака е позната низ светот како родно место на овој хомерски херој, опеан во „Илијада“ и „Одисеја“. Според Хомер, Одисеј бил кралот на Итака, херој кој одиграл голема улога во Тројанската војна, по што се вратил во својата татковина, каде што го чекала верната и мудра Пенелопа, посилна од сите гласини и искушенија.

 

И колку и да ви се чинело дека приказните исткаени околу Итака не се толку важни, кога ќе стапнете на почвата на овој остров, ќе сфатите колку го обоиле и колку е различен од другите.

 

Овде, историјата мириса на секој чекор и, каде и да погледнете, ќе мислите дека ја гледате Пенелопа како верно го чека својот сакан на островот што ѝ го дал татко ѝ како мираз. Можеби, како и многу туристи кои ја доживеале убавината на Итака, „преку ноќ“ она што некогаш сте го ставиле на врвот на листата на приоритети ќе престане да ви биде важно.

 

Итака ја има оваа необјаснива моќ да го олесни секој што ќе стапне на неа и да го инспирира да погледне на животот од поинаква перспектива.

 

И не е посебна само поради тоа.

 

Камчењата и песочните плажи со мирис на борови дрвја ќе ве натераат да заборавите на секојдневните проблеми и да се препуштите на апсолутна релаксација. Ако, пак, изберете дива плажа, од која има многу на островот, загарантирано е враќање на рамнотежата.

 

Тиркизното и топло море ќе го извади и последниот дел од уморот од вашето тело и ќе направи да се чувствувате како да сте се преродиле кога ќе излезете од водата. Нема потреба да се зборува за вкусната грчка храна, која на овој остров е засилена со маслинки и грозје со посебна сладост…

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma