Дали додавате млеко во кафето? Научниците веруваат дека остава ПОСЛЕДИЦИ на организмот, а еве неколку од нив

8 февруари, 20230
Pijenje-kafe-2048x1365

Допрва треба да следи дополнително истражување

Милиони луѓе ширум светот уживаат во пиењето кафе секој ден. Омилениот пијалок ја загрева душата, ни помага да се сконцентрираме, ги зближува луѓето, а да не зборуваме за прекрасниот мирис и неговиот неодолив вкус. Истражувачите од Универзитетот во Копенхаген истражувале дали додавањето малку млеко во кафето е добро за нашето здравје.

Науката покажала дека само мирисот на кафе може да направи да се чувствуваме будни, а за среќа на љубителите на кафето, утврдени се и неговите здравствени придобивки. Кафето е извор на антиоксиданси кои се борат против воспаленијата, а пиењето кафе пред вежбање помага да се забрза согорувањето на мастите.

Сега една нова студија сугерира дека додавањето на малку млеко богато со протеини може да ги зголеми здравствените придобивки од шолја кафе.

Истражувачите од Универзитетот во Копенхаген во Данска испитувале како антиоксидансите наречени полифеноли стапуваат во интеракција со амино киселините, градежните блокови на протеините, и откриле дека нивното комбинирање има двојно поголем ефект во борбата против клеточните воспаленија отколку самите полифеноли.

Полифенолите може да се најдат во многу намирници, вклучувајќи ги кафето и чајот, овошјето и зеленчукот, црвеното вино и пивото. Како и другите антиоксиданси, претходните студии сугерираат дека некои полифеноли можат да ја спречат и забават оксидацијата на здравите хемикалии и да го заштитат нашето тело од болести.

Се смета дека тие го прават тоа делумно преку контролирање на воспаленијата, комплексен имунолошки одговор кој вклучува клетки наречени макрофаги кои ослободуваат неколку воспалителни медијатори. Воспалението помага во заштитата од инфекција, но ако не се контролира правилно, може да доведе до болести како што се дијабетес тип два, Алцхајмерова и Паркинсонова болест.

Допрва претстојат дополнителни истражувања

„Интересно е што сега забележавме антиинфламаторно дејство во експериментите со клетките. И очигледно, ова само не натера да се заинтересираме подетално да ги разбереме овие здравствени ефекти. Така, следниот чекор ќе биде проучување на ефектите кај животните“, вели имунологот и раководител на студијата, Ендрју Вилијамс.

Потребни се дополнителни истражувања за да се открие зошто и што значат овие резултати во пракса за здравјето на луѓето. Оваа студија испитувала само како еден тип на имунолошки медијатори реагира на хемикалии слични на кафето во лабораториски услови.

„Нашите резултати може да се користат како важна референца во примената на адуктите формирани од фенолни соединенија и амино киселини во идната функционална храна или медицински производи насочени кон модулирање на метаболички, невролошки или болести поврзани со имунитетот“, заклучуваат истражувачите во нивниот труд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi