Начинот на кој го гледате движењето на коњот ви кажува која страна од вашиот мозок ја користите повеќе.
На интернет можете да видите секакви оптички илузии, но една од нив всушност открива нешто интересно за вашиот мозок.
Еден терапевт објави видео од коњ во движење, но она што го истакна е дека треба да обрнете внимание на начинот на кој го гледате движењето на коњот.
Видеото може да го погледнете ТУКА.
– Ако видите дека коњот се движи напред, тоа значи дека повеќе ја користите левата страна на мозокот. Додека пак, ако видите коњ кој се движи наназад, тоа значи дека десната страна на вашиот мозок е подоминантна – објасни терапевтот.
Коментарите веднаш почнаа да се нижат, каде луѓето пишуваа како тие го гледаат коњот, а имаше и такви кои тврдеа дека во зависност од тоа како се концентрирале, може да го видат движењето и напред и назад.
Што гледате вие?