Дали партнерот постојано ве нервира? Научниците открија зошто е тоа така

30 јануари, 20230
676

Заклучокот од истражувањето објавено во списанието „Social Psychological and Personality Science“ е дека, кога сме под стрес, се фокусираме на негативните квалитети на нашите партнери, а не на позитивните.

Минатите студии покажаа како „животниот“ стрес може да влијае на односот со партнерот, но и на нашето однесување. Таа истакнува како стресниот живот може да влијае на тоа како партнерите комуницираат и гледаат еден на друг.

Но, оваа студија нагласува уште една работа; стресот може да влијае и на она што прво го забележуваме, како на пример вашиот партнер да ве нервира, да критикува и да нема трпение.

– Откривме дека луѓето кои постојано искусуваат многу стрес надвор од врската, како проблеми на работа, почесто забележуваат негативни работи за својот партнер – вели д-р Лиза Неф.

За време на студијата, Неф и колегите следеле 79 нововенчани хетеросексуални партнери кои 10 дена пополнувале прашалници секоја вечер и го бележеле нивното и однесувањето на нивниот партнер. Пред студијата, тие исто така се изјасниле и за количината на стрес во нивните животи.

Откриле дека оние кои неодамна поминале низ стресен период се особено свесни за секојдневните промени на нивните партнери во вид на негативно однесување и веруваат дека нивниот партнер внесува негативност во врската во тие 10 дена, доколку резултатите се споредат со испитаници кои не се под стрес.

Новите парови ќе се фокусираат на позитивното однесување, а не на негативното однесување на нивните партнери, но тоа трае се додека трае фазата на „меден месец“.

Истражувањето открива дека еден стресен ден нема да влијае на фокусирањето на личноста на негативните особини на партнерот. Се работи за акумулираниот стрес кој често ќе влијае на промената на правецот на вниманието.

За многу луѓе, изминатите години беа многу тешки, а стресот поврзан со пандемијата сè уште е присутен. Ако партнерите под стрес се фокусираат на негативните аспекти на партнерот, тоа сигурно ќе влијае на врската.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi