Далматинска оаза: Островот на љубовта каде автомобилите се забранети

popara30 јули, 20231min00
62352729

Мал по големина, островот крие некои од најубавите плажи на Јадранот, а опкружен е со најчистото и најсиното море. Прекрасната природа, богатата историја и спокојството се доволна причина да му се враќаме од година во година…

Ретко кој остров во Хрватска може да се пофали со толку многу скриени и убави приказни како Силба. Овој далматински остров е место каде што нема да најдете автомобили, тука се забранети. Тоа е остров со кој владеат пешаци и каде љубовта има свој споменик.

Островот Силба зафаќа површина од само 15 квадратни километри. На најтесниот дел се наоѓа единствената истоимена населба. Мал по големина, островот крие некои од најубавите плажи на Јадранот, а опкружен е со најчистото и најсиното море. Пешачкиот остров, како што го нарекуваат мештаните, е остров кој живее свој живот. Прекрасната природа, богатата историја и спокојството се доволна причина да му се враќаме од година во година.

62352725-silba
62352726
62352727
62352728
62352729

Силба е полн со раскошни дворови, опкружени со високи ѕидови, како и со цркви. Неговите жители, имајќи предвид дека островот се наоѓа на пловен пат, често се качувале на бродови како морнари и пловеле во далечни земји од кои се враќале со големо богатство.

Многумина од морнарите знаеле да талкаат по морињата со години, а токму тоа е приказната која се врзува со Торета, кулата која се издига од центарот на островот. Легендата вели дека во 1872 година, капетанот Петар Мариниќ решил да изгради кула за да може неговата сакана да го чека неговиот брод на неа. Но, по долгогодишно чекање, таа се откажала и се омажила за друг. Поминале години и Петар конечно се вратил.

Silba - 2

Додека шетал, наишол на група млади девојки, меѓу кои и една која многу личела на неговата љубов од младоста. Разговорот започнал и на крајот се испоставило дека таа е ќерка на жената што ја оставил на островот пред толку години. Бидејќи љубовта не бара години, Петар се оженил со младата девојка и живееле среќно долги години.

Иако има само едно место на островот, а само неколку стотици жители вонсезона, тука ќе најдете околу илјада куќи, од кои многу се викендички и апартмани.

Со над 2570 сончеви часови годишно, прекрасна клима и неописливо тиркизно море, Силба е бисер во морето кој ќе ве воодушеви со својата уникатност и гостопримство. Прекрасните плажи, од кои многу се скриени во заливите далеку од љубопитните очи, како и длабоката шума се гаранција дека ќе го најдете своето место под сонцето за одмор и релаксација на овој остров.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag