Дворецот кој „плови“ на езеро заради кој ќе посакате повторно да отидете во Италија

popara9 јуни, 20231min00
61735977-scaliger-sirmione

Сирмионе се наоѓа на југот на езерото Гарда, на половина пат помеѓу Бреша и Верона, што го прави идеална почетна точка за истражување на Ломбардија и Венето. Исто така, во близина е и забавниот парк Гардаланд, до кој може да се стигне за помалку од половина час со автомобил.

Историскиот град се наоѓа на мал полуостров кој го дели долниот дел од езерото Гарда. Уште од античките времиња, Сирмионе е богослужбено место за богаташите од соседството кои доаѓале таму да уживаат во прекрасната атмосфера и глетка, како и во лековитите термални води.

Познатата сопранистка Марија Калас го препознала како идеално место за живеење, а овој мал град на издолжениот полуостров ги инспирирал писателите како Стендал и Гете поради неговата исклучителна убавина, тесните камени улички и романтичната атмосфера.

Во Сирмионе доминира замокот Скалигер, изграден од семејството од кое го добил името во 13 век. Исклучително е зачуван, а поради специфичниот начин на градба изгледа како да плови по езеро.

Импозантните кули и пешачки мостови под нив формираат незаборавна глетка. Пештерите на Катул се исто така една од атракциите. До урнатините на античката римска вила и малиот музеј се наоѓаат маслинови градини и плажа со бројни ресторани и кафулиња.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag