Денеска е ПЕТОК 13-ТИ: Дали е навистина несреќен, и каква врска има со сообраќајните несреќи и вештерките

popara13 јануари, 20231min00
Petak-13

Вистини и заблуди за денешниот ден

Ова тешко изговорливо име го означува стравот од петок 13-ти.

Денес е еден од оние… „најлошите“ денови, барем така мислат оние кои цврсто веруваат во фамата околу овој датум.

Секако, ваше е да одлучите дали верувате во различните пророштва, клетви и „докажани“ малери поврзани со петок 13-ти или сметате дека тие се само суеверие.

Кога ќе ги погледнеме корените на верувањето во несреќата која ја носи овој датум, ќе мора да се вратиме во средниот век. Имено, во норвешката митологија постоела Фрига, божицата на плодноста и љубовта, која била прогласена за вештерка откако паганските племиња го прифатиле христијанството.

Легендата вели дека Фрига секој петок се среќавала со 11 вештерки и ѓаволот и заедно планирале зла што ќе ги направат следната недела.

Исто така, бројот 13 е лоша среќа за Викинзите поради вечерата на која се собрале 12 богови во Валхала. Локи, 13-тиот бог, кој не бил поканет на вечерата, поради тоа се налутил и непоканет дошол на вечерата и го довел светот во темнина.

Затоа за Викинзите 13-тиот бог е олицетворение на злото.

И познатата Тајна вечера ја одбележа бројот 13 – Христос седел на масата со 12 апостоли, меѓу кои бил и Јуда, кој подоцна го предаде…

Иако, веројатно најголемиот виновник за приказната за несреќниот петок 13-ти е истоимениот хорор филм кој е снимен во 1980 година.

Во златното доба на крвавите хорори, серијата за Џејсон Ворхис брзо стана популарна и доби култен статус.

Дури и ако не верувате во баксузноста на овој датум, секогаш ќе обрнете внимание на петок 13-ти, дури и ако се исмевате со него.

А дека нешто добро може да излезе и од суеверие покажува и статистиката на Британската автомобилска асоцијација која покажува дека најмалку сообраќајни несреќи се случуваат токму кога петок се паѓа на 13-ти во месецот, бидејќи тогаш луѓето возат повнимателно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma