ДИЈАМАНТИ, РАСКОШЕН ФУСТАН И ДЛАБОКО ДЕКОЛТЕ Еве зошто сите погледи беа вперени во Селма Хаек! (ФОТО)
Актерката Селма Хаек ги остави без здив сите присутни кога на црвениот тепих на фестивалот во Кан се појави во феноменален тесен фустан, кој ги истакна нејзините атрибути.
Познатата актерка Селма Хајек има повеќе од 24 милиони следбеници на Инстаграм, каде што редовно објавува слики со кои го покажува нејзиниот прекрасен изглед.
Својата колекција на фотографии ја комплетираше со уште еден сет, посветен на фестивалот во Кан. Селма блесна на црвениот тепих, во темно виолетова тоалета, доаѓајќи да го гледа филмот „Killers of the Flower Moon“.
Актерката (56) изгледаше сензационално во тесен фустан, со огромни превои на рамениците и преку грбот.
Нејзиното деколте не можеше да остане незабележано, со оглед на тоа што фустанот имаше длабоко V-деколте.
Косата ја собра во огромна пунџа, дополнително истакнувајќи го убавото лице кое дискретно го истакна со шминка во слична нијанса на фустанот.
Актерката го комплетираше изгледот со блескав дијамантски ѓердан и нараквица, што додаде дополнителен гламур на целиот изглед.