Потребни ви се само две состојки
Наслагите на мувла по ѕидовите најмногу се јавуваат во зимските месеци, поради зголемената концентрација на влага и кондензација. Дамките од мувла на ѕидовите се многу повеќе од естетски проблем, бидејќи е познато дека мувлата може да биде причина за многу респираторни заболувања.
Мувлата често не се чисти лесно, а за тоа секако се најдобри специјално дизајнираните купечки производи, но честопати се доволни и некои природни методи.
Се што ви треба е:
– 1 дл алкохолен оцет
– 2 кесички сода бикарбона
Подготовка:
Истурете го оцетот во шише со распрскувач и испрскајте ги местата каде што се појавува мувлата. Оставете го оцетот десет минути. Малку намокрете едно сунѓерче, потопете го во сода бикарбона и истријте ја мувлата. Повторно испрскајте сè со оцет и оставете да отстои.
По некое време, избришете сè со чиста и сува крпа.
Повторувајте ја постапката додека мувлата не исчезне.