Еве како сирењето да не ви се расипува брзо: Пред да го ставите во фрижидер, направете една работа!

28 мај, 20230
37934_shutterstock-2014345646_f

Многу луѓе сакаат сирење и го користат во подготовка на разни јадења. Ги има во најразлични форми и вкусови, а токму поради разликата, како по вкус, така и по текстура, сирењата се погодни за повеќето јадења. Меѓутоа, проблемот со младите сирења е што брзо се расипуваат.

Од друга страна, синото сирење и полутврдото сирење можат да влезат директно во пластична кеса (за замрзнување или која било друга чиста кеса). Сепак, младото сирење треба да го чувате во пластичен сад со капак. Свежото сирење треба да го чувате во оригиналното пакување и да ја менувате водата само на неколку дена.

Исто така, не заборавајте да ги чувате сирењата во фрижидер, на полицата каде што го чувате зеленчукот. Причината поради која треба да ги чувате таму е што температурата на тоа место е ладна и стабилна, без многу промени, а тоа е идеално за храна како сирење.

Кога и да го користите сирењето, ставете ново парче хартија и пластична кеса, за да ја зачувате свежината на сирењето. Ако зборуваме за рокот на траење на сирењата, тоа зависи и од видот, но најважно е да се запамети дека колку е потврдо сирењето, толку ќе му биде подолг рокот на траење.

За да го заштитите сирењето од мувла, користете малку масло така што ќе го намачкате сирењето со малку маслиново или растително масло, а потоа ставете го во пластичен сад со капак. Маслото секогаш можете да го избришете со хартиена крпа, а сирењето можете да го измиете и во топла вода и да уживате во неговиот вкус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *