Ако вашите собни билки венеат, иако редовно ги полевате, едноставна инфузија за растенијата ќе им помогне повторно да заблескаат во полн сјај.
Високите температури, високата влажност, вклучувањето на климата… Сето тоа може да влијае на цвеќињата во затворен простор, кои почнуваат да се распаѓаат во топлите летни денови.
И покрај редовното полевање, се случува листовите да овенат, а цветовите да потемнат, па растението да изгледа замрено, како да нема начин да се спаси.
Сепак, постои начин да се опорави и тоа без употреба на хемиски средства.
Се што треба да направите е да го полевате со таканаречената шеќерна вода, која е одлична и за подолг век на цветовите.
Истурете една лажичка шеќер во шолја вода, измешајте и истурете го овој раствор врз растенијата кои се распаѓаат.
Сепак, внимавајте, не ги полевајте цвеќињата со овој раствор почесто од еднаш или двапати месечно. Според „Newsbeast“, прекумерното полевање на растението со таканаречената шеќерна вода може да ја оштети внатрешната структура на истото, бидејќи високите концентрации на течна сахароза може да предизвикаат измивање на водата од корените, што на крајот доведува до дехидратација и смрт на растението.
Цветовите во затворен простор наводнети со овој раствор ќе се „побунат“ ако тоа не им одговара. Ова ќе се покаже на два начина – или листовите брзо ќе пожолтат или наеднаш ќе останат без цветови. Во овој случај, престанете да ги храните со шеќерна вода.