Еден од најдобрите начини да ги ОТСТРАНИТЕ ФЛЕКИТЕ ОД ТЕПИХОТ: Сите состојки веќе ги имате дома!

popara1 јануари, 20231min00
26930_shutterstock-571669027_f

Понекогаш, без разлика какви хемикалии користиме, тврдоглавите дамки едноставно не сакаат да „си заминат“. Токму затоа ви откриваме домашно средство за чистење теписи.

Ви треба:

Половина литар вода, лажичка течен сапун, три лажици оцет, шест лажици сок од лимон, лажица сода бикарбона, неколку капки есенцијално масло од портокал или лимон (можете и без него).

Подготовка:

Прво треба да земете празно и чисто шише со распрскувач, во него да ги ставите сите состојки и убаво да го протресете за да се соедини се и да се раствори сода бикарбоната.

Нанесете го на тепихот, втријте го со четка и оставете течноста малку да испари, односно оставете го тепихот да се исуши. Потоа поминете преку тоа место со правосмукалка.

Брзо ќе забележите дека нема дамки, а пријатниот мирис ќе остане во просторијата неколку дена.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma