ЕКСТРАВАГАНЦИЈА Канје Вест со сопругата во бизарно издание пред црква (ФОТО)

popara5 јуни, 20231min00
710904_profimedia-0781495096_f (1)

Канје Вест (46) и Бјанка Чензори (28) беше невозможно да не се забележат во крајно бизарни комбинации, особено нејзиниот…

Доколку мислевте дека модата отиде предалеку, ви предлагаме да го погледнете најновото издание на раперот и дизајнерката. Сигурно ќе бидете во шок или барем ќе се запрашате – „што е ова“?

Имено, парот бил во црно од глава до пети. Канје Вест во маица со нагласени раменици на која пишува „Polizei“, хеланки и чорапи беше во сенка на неговата сопруга (која тој така ја нарекува, иако не се формално во брак). Бјанка беше покриена со црн тул, а имаше и голема јака од пена, која и ги покриваше рамената, вратот и долниот дел на лицето. Треба само да се напомене дека тие се фотографирани пред црква во Лос Анџелес.

Интересно е што Бјанка радикално го променила својот изглед откако е во врска со раперот.

Виша терапевтка и експерт за односи, Сали Бејкер, за „Мирор“ го прокоментира новиот изглед на Бјанка, како и која е вистинската причина за таквата промена.

– Да се ​​омажиш, да имаш дете или да се разведеш, сето тоа може да доведе до желба за преиспитување на сопствениот изглед. Како сопруга на Канје Вест, Бјанка Чензори е изложена на притисок и големо медиумско внимание, а можно е да го користи својот нов изглед како начин да ја воспостави својата индивидуалност – објасни таа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag