НАПРАВЕТЕ ГО НАЈДОБРИОТ ЦЕЗАР СОС! Одличен е за салати, но и со разни меса
5 јуни, 20230
Малку мајонез, лук, сок од лимон и уште неколку состојки ќе бидат доволни за овој одличен цезар сос.
Ако сакате да ја направите најдобрата цезар салата, веќе знаете дека финтата е во одличниот сос, а овој дефинитивно е една од најдобрите што сме ги пробале:
Состојки:
половина шолја мајонез
чешне лук
две лажички сок од лимон
една лажичка сенф
половина лажичка вустершир сос
една лажица вода
30 гр пармезан сирење
сол, бибер
Подготовка:
Во соодветен сад измешајте ги мајонезот, издробеното чешне лук, свежо исцедениот сок од лимон, сенфот и Вустершир сосот, а потоа додадете ги пармезанот и водата. Сè убаво измешајте, посолете и побиберете, измешајте уште еднаш, па послужете или чувајте го покриен во фрижидер до пет дена.