Бидејќи Европа е позната по екстремно големиот број на дестинации,кои покрај обичната туристичка содржина,на посетителите им нудат можност да се нурнат во вековната култура,не беше лесно да се издвојат тие пет градови,кои се идеален избор за есенски патувања.
Патувањето не е само начин да ги проширите вашите хоризонти и да откриете некои нови,интересни дестинации,туку и да го збогатите вашето знаење за историјата.Бидејќи Европа е позната по екстремно големиот број на дестинации,кои покрај обичната туристичка содржина,на посетителите им нудат можност да се нурнат во вековната култура,не беше лесно да се издвојат тие пет градови,кои се идеален избор за есенски патувања.
1. Прага
Можеби најдобро време за посета на главниот град на Чешка е есента,кога сите нијанси на жолта доаѓаат до израз.
Иако,за волја на вистината,Прага важи за дестинација која може да биде исто толку интересна и во другите периоди од годината.Градот на илјада кули или Златниот град се фрази што ја следат Прага со причина. Освен што ќе прошетате преку Карловиот мост и подобро ќе го запознаете стариот центар на градот, кој важи за еден од најдобро зачуваните на Стариот континент, дефинитивно не треба да пропуштите да уживате во многубројните гастрономски специјалитети и секако пивото, за кое градот е исто така познат.
2. Истанбул
Идеална комбинација на два континента, Европа и Азија, Истанбул е магичен во секое време од годината. Тешко е да се издвојат атракциите кои треба да се посетат во овој турски град, бидејќи ги има неколку.
Разглед на Аја Софија, Сината џамија и палатата Долмабахче,како и возење по Босфорот,се само некои од нив.
Се подразбира дека при посета на Истанбул,не смее да се пропушти прошетка низ чаршијата Капали,каде најдобро може да го почувствувате духот на овој неверојатен град.
3. Венеција
Една од подобрите опции за пократки есенски патувања е Кралицата на Јадранот,како што често ја нарекуваат Венеција.
Мостот на воздишките, базиликата Свети Марко и Дуждовата палата се дел од знаменитостите на овој италијански град, кој е познат и по своите канали. И токму затоа возењето со гондола не смее да се пропушти при посета на Венеција.
4. Париз
Бидејќи важи за една од најпосетуваните дестинации во Европа, сосема е сигурно дека Париз е полн со знаменитости кои треба да се посетат.
Ајфеловата кула е секако една од најпознатите.Иако,музејот Лувр и Версајската палата не се помалку важни.А кога веќе сте во Градот на светлината или Градот на љубовта,како што се нарекува и Париз,не пропуштајте да прошетате покрај бреговите на реката Сена и да зачекорите во античките времиња кога ќе го посетите Монмантр.Познатиот боемски кварт на француската престолнина.
5. Виена
Некогаш царски град, Виена денес е пример за убаво украсен европски град. И многубројните, одлично сочувани замоци се сведоци на нејзината долга и богата историја. Иако, тука се и атракции од модерната ера, како што е познатиот забавен парк „Prater“, но и места идеални за љубителите на шопинг.
И покрај тоа, Музејскиот кварт во Виена е дел кој нема да остави рамнодушен ниту еден турист. Прашање е само дали имате доволно време да ги посетите бројните музеи во тој дел од градот.Но, едно е сигурно, сигурно ќе најдете време да уживате во автентичниот вкус на познатата торта Сахер во истоимениот виенски хотел.