Заедно ќе ги носат важните одлуки: Ал Пачино и неговата девојка постигнаа договор за старателството

29 октомври, 20230
Screenshot_10

Ал Пачино (83) и неговата девојка Нур Алфалах (29) постигнале договор за старателството над нивниот четиримесечен син Роман.

 

 

 

Судските документи откриле дека договориле распоред за посети, старателство над детето и дека актерот ѝ ги платил адвокатските трошоци на својата партнерка.

 

Нур Алфалах поднесе барање за целосно старателство во септември, но сакаше на Ал Пачино да му биде доделена „разумна посета“, заедничко правно старателство што му дава право да учествува во важни одлуки како што се здравствената заштита и образованието на детето. Таа поднела и „доброволна изјава за родителство“, со која докажува дека актерот е биолошки татко на Роман, пишува Пејџ Сикс.

 

Роман е роден на 6 јуни, прво дете на Нур Алфалах и четврто дете на холивудската легенда.

 

Пачино ја има ќерката Џули (34) со Џен Тарант, како и близнаците Оливија и Антон (22) со актерката Беверли Д’Анџело.

 

Извори претходно изјавија за ТМЗ дека актерот, откако дознал дека Нур е бремена, побарал тест за татковство, но подоцна рекол дека тоа што знаел дека повторно ќе има дете е многу посебно и вистинско чудо.

 

„Секогаш мислев – ќе имам многу деца, но ова е навистина нешто посебно“, изјавил тој.

 

Кога се дознало за барањето поднесено од Нур, многумина мислеле дека двојката раскинала, но неговиот портпарол негира: „Ал и Нур успешно соработуваа и постигнаа договор во врска со нивниот син Роман, заедно се, не раскинаа .“, објави Дејли Меил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi