Иако природата е неумолива, па промените во телото со возраста се неизбежни, постојат едноставни начини за подобрување на состојбата на телото.
Кај жените после 40-та година метаболизмот се забавува, па на многумина им е потешко да ослабат. Експертите тврдат дека само еден зачин е доволен за да се направи голема разлика. Кајенскиот пипер содржи капсаицин, супстанца која го поттикнува забрзувањето на метаболизмот, а за да се постигне ефектот е доволна само прстофат.
Може да го забрза метаболизмот
Докажано е дека капсаицинот ја зголемува телесната температура и го забрзува варењето и губењето маснотии. Храната богата со протеини (месо, риба, пилешко…) побрзо се вари кога ќе и се додаде барем малку кајен пипер. Руските лекари тврдат дека редовното консумирање на зачинета храна во мали количини го спречува стареењето и го зајакнува имунитетот.
Може да го намали чувството на глад
Докажано е дека капсаицинот може да го намали чувството на глад, што значи дека ќе јадете помалку во текот на денот.
Може да го намали крвниот притисок
Бројни студии покажаа дека капсаицинот го намалува нивото на крвниот притисок.
Може да го подобри варењето
Кајенскиот пипер може да го подобри здравјето на дигестивниот систем и да го намали ризикот од рак на желудникот.