За туристите овој град е најголемото разочарување во светот

popara4 април, 20231min00
676 (1)

Американскиот град Орландо е градот кој разочарал најмногу туристи, покажува истражувањето на „Radical Storage“.

Компанијата во истражувањето вклучила повеќе од 826.000 прегледи на „TripAdvisor“ и врз основа од нив заклучила дека овој град на Флорида е најголемото разочарување за туристите.

„Radical Storage“ ги прегледал прегледите на 100-те најпопуларни туристички градови во светот за да открие каде туристите најчесто го доживуваат таканаречениот париски синдром. Тоа е психолошка состојба во која посетителите на премногу идеализираните дестинации се разочарани кога ќе се соочат со реалноста на тој град или место.

Се испоставило дека Орландо бил најнегативно оценет град. Орландо е оценет од над 9000 луѓе. Една од пет критики била негативна. Искуството во тој град го опишале како „страшно“, а жителите како „безобразни“. Инаку, „Disney World“ се наоѓа во Орландо.

Списокот на 10-те најголеми разочарувања за туристите изгледа вака:

  1. Орландо, САД
  2. Џакарта, Индонезија
  3. Патаја, Тајланд
  4. Денпасар, Индонезија
  5. Гуилин, Кина
  6. Јоханесбург, Јужноафриканска Република
  7. Да Нанг, Виетнам
  8. Ха Лонг, Виетнам
  9. Шенжен, Кина
  10. Пекинг, Кина
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma