За 0 евра: Најдобрите места ширум светот кои можете да ги разгледате без да платите влезница

popara19 септември, 20234min00
62630990-horseshoe-falls

Искрено, за некои од овие знаменитости првпат слушаме. Сепак, многупати сме слушнале за TripAdvisor, без оглед на спротивставените мислења за него, а токму оваа страница „помогна“ при изборот на најдобрите бесплатни атракции, или знаменитости.

Без разлика дали станува збор за влез во забавен музеј или место во природа, влегувањето некаде без плаќање често ни носи насмевка на лицата. Затоа Casago, компанија за изнајмување куќи на одмор, тргна во потрага по најдобрите бесплатни атракции во светот. Користејќи ги прегледите на TripAdvisor, тие истражуваа кои бесплатни туристички места ги имаат највисоките пет ѕвезди (максимална оцена).

Според нивната студија, познатиот белгиски град Bruges е местото на најдобрата бесплатна туристичка атракција во светот. 94,5 отсто од рецензентите го оценуваат Мини музејот на харфа (воден од харфистот и ентузијаст Лук Ванлаер) со најмногу пет ѕвезди. Во исто време, ова не е само музеј, туку и мала концертна сала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Terence Peter Shields (@tezshields)

На второ место е Националниот музеј на воздухопловните сили на САД. Оваа локација вклучува различни експонати кои покриваат различни периоди од историјата на американските воздухопловни сили во близина на добро познатата Дејтона, а 92,85 проценти од неговите рецензии на TripAdvisor се со пет ѕвезди.

На третото место на листата се водопадите Horseshoe Falls, најголемите од трите водопади што ги сочинуваат Нијагарините водопади во Канада. Со 92,7 отсто од прегледите на оваа класична природна локација оценети со пет ѕвезди, јасно е дека Horseshoe Falls не заостануваат многу зад златото и среброто.

Меѓу првите 10 беа Националниот пешадиски музеј и воен центар во Колумбус, Мексико, езерото Бакалар во Мексико, Златниот храм во Индија, планината Фиц Рој во Патагонија, Гробот на непознатиот војник во САД, австралискиот воен споменик и Ланта, резерват за животни во Тајланд.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag