Сите сме слушнале за златниот пресек, познат и како златна средина или божествен пресек. Тоа е математички термин кој често се користи во (историјата на) уметноста како закон на композиција во кој помалиот дел е поврзан со поголемиот дел како што поголемиот дел е поврзан со вкупното во однос 1:1618.
Златниот пресек стана идеал особено за време на ренесансата кога уметниците и научниците се стремеле кон совршенство во композициите. И денес го сметаме за најсовршениот пресек во природата.
Но, зошто го спомнуваме сето ова? Навикнати сме да го користиме или слушаме за златниот пресек во модерното време во контекст на естетиката, на пример човечкото лице. Но, постои и здружение на архитекти кое се занимава со златниот пресек во архитектурата.
На сајтот Online Mortage Advisor тие ја објавија својата студија при која ги проучуваа историските градови низ Обединетото Кралство, но и остатокот од светот и ги проучуваа најпознатите градби и архитектура на градовите. Тие ги пресметале пропорциите на најдолгите и најкратките големини и нивните димензии и ги споредиле со златниот пресек и го заклучиле следново.
Според процентот во кој убавината на градовите се совпаѓа со златниот пресек, заклучиле дека со 83,7% најубав град во Обединетото Кралство е Честер. Следуваат Лондон, Белфаст и Ливерпул.
Потоа тргнале на малку понапорна задача – да го пронајдат „најубавиот град на светот“. Се разбира, убавината е во окото на гледачот и тоа треба да се сфати како забавна статистика, а не како причина за ривалства. Но, кога би се натпреварувале, титулата најубав град со процент на совпаѓање со златниот пресек би ја освоила Венеција со 83,3%. По неа следуваат Рим, Барселона и Прага.
Во топ 10 градови влегоа и Унгарците со главниот град Будимпешта, која го зазеде 7-то место. Сепак, мора да признаеме дека не очекувавме ништо помалку од Италијанците. Секоја чест!