Знаете ли како изгледа луксузен стан од само 10 квадрата?

popara5 мај, 20231min00
62537429-nije-lako-naci-odgovarajuci-stan-za-zivot-u-tokiju

Живеењето во мал простор е вообичаено во Токио, каде живеат речиси 14 милиони луѓе, но да се најдат добро дизајнирани и мали станови во нова градба е вистинска реткост. Затоа апартманите Ququri се исклучително популарни во земјата на изгрејсонцето во последно време.

Пред се, треба да се истакне дека она што го сметаме за мал стан кај нас се смета за пространо место за живеење во Јапонија. Јапонските минијатурни апартмани можат да се шират на само пет до десет квадратни метри, а сепак да ги вклучат сите неопходни работи за нормален живот.

Добар пример за ова се апартманите Ququri во Токио, кои се популарни кај самците во дваесеттите и триесеттите години. Тие се распоредени на неколку различни станбени згради и обично се наоѓаат во близина на прометните области како што се Шинџуку, Шибуја, Ебису и Накамегура.

Една од посебните карактеристики на овие апартмани е посебната туш кабина од тоалетот, па многумина ги нарекуваат луксузно сместување. Станот има приклучок и за машина за перење. Опремен е со плоча за готвење и мијалник и обезбедува мултифункционален простор со мансарда што можете да го претворите во спална и дневна соба, канцеларија или место за одмор.

Месечната кирија во овие ситни станови е од 330 до 530 евра, а интернетот е бесплатен за секого.

Норм Накамура од каналот на YouTube Tokio Lens ѕирна во една таква зграда со луксузни мали станови во Токио. Во продолжение погледнете како изгледа животот за помалку од десет луксузни квадратни метри.