ЗОШТО ДА НЕ ТРЕБА ДА ЈА ФРЛАТЕ КОРАТА ОД ЛИМОН? Еве за што може да се користи

popara10 јуни, 20231min00
713571_shutterstock-1624945915_f

Кората од лимон може да биде корисна на многу начини ако ја чувате во замрзнувач. Од неа може да се направи и лековит пијалок и ефективно козметичко средство.

Кората од лимон содржи речиси двојно повеќе витамини од самото месо на лимонот. Токму поради оваа причина, никогаш не ја фрлајте, замрзнувајте ја и додавајте ја во оброците, лимонадата или кој било друг природен сок.

– Лимонот е едно од ретките овошја чија кора се смета за вредна колку и нејзината внатрешност, напишал еден корисник на Редит.

Тој додаде дека често замрзнува овошје и зеленчук, а од неодамна и кора од лимон.

– Понекогаш малку кора од лимон е се што ми треба за некое јадење, а не сакам да одам до продавница и да земам цел лимон поради тоа. Кората од лимон навистина не влијае на текстурата на храната, па не е важно дали добро ќе замрзне. Кора од само еден лимон треба да биде доволна за многу оброци, па не зазема многу простор во замрзнувачот.

Кората од лимон може да се користи за различни јадења, но добро е да се чува и од други причини. Нејзината примена е повеќекратна.

Така, лимонот може да ја омекне сувата кожа на лактите.

Измешајте рендана кора од лимон со една кафена лажичка сода бикарбона и додадете неколку капки сок од лимон. Измешајте, а по туширањето, кога кожата е мека, нанесете на лактите или сувите стапала.

Можете да направите и пилинг за тело со лимон.

Измешајте половина лажичка шеќер со рендана кора од лимон, додадете малку маслиново масло и природниот пилинг за тело е готов. Овој пилинг се користи на влажна кожа. Со кружни движења истријте ја целата површина на телото и исплакнете со топла вода.

Лимонот може да се користи за намалување на холестеролот и како средство за детоксикација.

Кората од домашен, непрскан лимон е извор на антиоксиданси и е богата со флавоноиди кои го нормализираат нивото на холестерол. Изрендајте ја кората од лимон и прелијте ја со вода, оставете ја да отстои неколку минути и процедете ја. Се пие наутро, на празен стомак.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag