Зошто некои луѓе СЕКОГАШ ДОЦНАТ: Причината може да лежи во нешто подлабоко, смета експертот

popara3 јануари, 20231min00
77dbb3cdb18494af63c60ea20723be79de03feeb

Дали оваа навика ве нервира кај другите или спаѓате во таа категорија?

Сите знаеме барем една личност која секогаш доцни, колега што не исполнува никакви рокови, пријател кој секогаш го чекаме на однапред договореното време. И покрај тоа што може да ни помине низ глава додека чекаме некого, не е исклучено да има подлабока причина за ваквото однесување. Иако често мислиме дека тоа е само себичност и невнимание.

Постојат некои навики кои се подеднакво иритантни како и оние кои не тераат да ги чекаме. Лора Кларк, за Би-Би-Си, вели дека ако ја погледнеме психологијата на доцнењето, можеме да видиме ум што создал еден вид дисфункција. Перцепцијата на луѓето на кои точноста не им е силна страна секогаш е главно негативна, дури и ако тоа не е намерно.

„Лесно е да се доживеат како неорганизирани, хаотични, груби, со недостаток на обзир кон другите“, вели Хариет Мелот, когнитивно-бихејвиорален терапевт и клинички психолог.

Но, многу луѓе кои покажуваат вакво однесување се свесни за проблемот, како и за штетата што нивното доцнење може да ја направи на нивните односи, репутација, кариера и финансии.

Некои изговори, особено за акутно однесување, се прилично универзално прифатени – на пример, несреќа или болест. Но, други не е толку лесно да се проголтаат. Некои луѓе ќе се снаоѓаат со изговор дека се „големи мислители“ и дека мерењето на времето не им е приоритет, за некои тоа е изговор дека подобро работат под притисок или дека имаат биоритам на „ноќна птица“.

Ако постојано доцните, според Би-Би-Си, вината може да ја префрлите на вашиот тип на личност. Луѓето кои не се грижат за времето се карактеризираат и со особини како оптимизам, ниско ниво на самоконтрола, анксиозност или желба за возбуда, наведуваат експертите.

Разликите во личноста, исто така, може да диктираат како го доживуваме текот на времето.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma