Зошто се прозеваме: Рефлекс за кој дебатираат многу научници

1 април, 20230
Screenshot_11

Пред да ги откриеме причините поради кои се прозеваме, би било добро да се објасни зошто и како доаѓа до оваа чудна реакција, која не е типична само за луѓето, туку ја практикуваат и животните. Експертите тврдат дека со прозевањето на организмот му се обезбедува дозата кислород која му е потребна за зголемување на енергијата, додека истовремено го исфрламе јаглерод диоксидот. Од друга страна, постои верување дека станува збор за појава која бара да биде дополнително истажена, посебно кога се работи за преносливо односно заразно прозевање.

 

 

 

Се верува дека до прозевањето доаѓа кога се зголемува температурата во мозокот и дека со оваа реакција човекот всушност се ,,лади,, мозокот, спречувајќи на тој начин температурата премногу да се зголеми и мозкот да се прегрее, поради што во миговите кога се прозеваме се чувствуваме поспано.

 

Еве поради што се може да дојде до прозевање:

 

 

 

НЕДОСТИГ НА СОН

 

 

Не треба да ве изненади прозевањето, ако претходната вечер сте се забавувале или сте биле на журка. Тоа е нормална реакција, бидејќи телото ви копнее по сон.

 

НАРУШУВАЊЕ НА СОНОТ

 

 

Се препорачуваат по осум часа сон, но ако се разбудите порано, голема е веројатноста дека ќе се прозевате цел ден. Рчењето или престанокот на дишењето за време на спиењето (sleep apnea), исто така можат да влијаат на нарушувањето на сонот.

 

 

 

ЛЕКОВИ

 

 

Едно од пропратните дејства на некои лекови е поспаноста, што исто така може да предизвика прозевање. Ова посебно се однесува на лековите против болки, како и на психијатриските лекови и антидепресивите.

 

ДЕХИДРАТАЦИЈА

 

 

Кога не внесуваме доволно течности, во организмот се намалува количината на крв, што доведува до прозевање. Познато е дека крвта ги носи и ги разнесува молекулите од кислород до различни ткива и органи во телото, вклучувајќи го и мозокот.

 

 

 

СЛАБА ЦИРКУЛАЦИЈА

 

 

Проблемите со срцето можат да доведат до намален проток на кислород. Посотјат случаи во кои до ова доаѓа поради хронични венски заболувања. Оштетувањето на видот е една од последиците за лошото функционирање на крвните ѕидови и садови.

 

Ако ги немате овие симптоми, а сепак ви се случува да се прозевате повеќе од вообичаено, треба да побарате совет од доктор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi