Шест века, Марсеј функционирал како независен грчки град
Приказната за овој француски град нѐ враќа во времето кога Грците се доселиле од Мала Азија на тлото на денешен Марсеј. Тие ја препознале, се чини, стратешката важност на пристаништето и се населиле во денешното предградие Ле Паниер.
Познато е дека Грците тргувале со Галите, а освен маслинки во регионот носеле и грозје. Свесно или не, тие беа оние кои ја создадоа идеалната основа за денешната провансалска кујна и нејзините феноменални вкусови.
Шест века, Марсеј функционирал како независен грчки град. Подоцна бил окупиран од римската војска, потоа од Визиготите и Арапите. За време на Големата чума 1720/21 година, многу жители беа убиени, но Марсеј преживеа.
Марсеј како „порта на империјата“
Во првата половина на 19 век, по завршувањето на Наполеонските војни, Марсеј бил главната алка на Империјата. Затоа и не е чудно што во тоа време бил познат како „Портата на империјата“, наведува ВВС.
Неверојатна комбинација на различни култури е заслужна за слоганот „Град со 100 маала“, кој често се споменува покрај името на градот. Населен е со Ерменци, Корзиканци, Арапи, Французи, Мароканци и други народи.
Го дели тричасовно возење со воз од Париз. Во споредба со 19 часа патување пред изградбата на железницата во 1873 година, навистина изгледа неверојатно.
Базиликата Нотр-Дам де ла Гард, на врвот на ридот над градот, на кој стои златната Дева Марија како круна, е една од знаменитостите на Марсеј. Црквата Abbaye St-Victor, која наликува на замок, е најстарата во градот.
За оние кои не го запознале подобро Марсеј, тој е град на пороците. Всушност, овие теории се поврзани со периодот на економски пад кон крајот на 20 век.
Денешниот град нема никаква врска со ова омаловажувачко мислење. Особено што Марсеј беше прогласен за европска престолнина на културата во 2013 година, што многу придонесе за неговата благосостојба.
Денес, Марсеј е главно фокусиран на туризмот. Уредено е старото пристаниште, како и кејот, но и бројни улици во градот.