Иако е здрав, внимавајте: Кога децата треба да почнат да јадат мед?

popara6 јуни, 20231min00
02e5ae653b294ed1f135e4829edb6adf047508e0

Експертите сметаат дека не треба да им давате мед на деца под оваа возраст

Медот се препорачува секојдневно во исхраната, а особено треба да го консумираат децата. Но, многу родители не знаат кога е вистинското време најмалите да почнат да ја јадат оваа намирница која се смета за природен лек?

Повеќето експерти сметаат дека тоа не треба да се прави пред детето да наполни една година. Еве и зошто.

Дигестивниот тракт кај децата до првата година не е доволно развиен, затоа медот треба постепено да се внесува во исхраната на детето и да се внимава на можна појава на алергии или промени во варењето.

Може да се конзумира неколку пати на ден и препорачана доза е половина или еден грам мед по килограм од тежината на детето.

Медот поволно делува на здравјето на луѓето, го зајакнува имунитетот, срцето и крвните садови, го подобрува варењето, ги уништува патогените бактерии во организмот…