Избрана најубавата жена за 2023 година: Ја остави Марго Роби на 90-тото место

29 декември, 20230
nancy-jewel-mcdonie-830x0

Излезе новата ранг листа на Т.Ц. Кендлер, креатор на популарниот избор на 100 најубави лица на годината.

Според новото издание, најубава жена на планетата за 2023 година, барем според овој избор, е американско-корејската пејачка, актерка и водителка Ненси Џуел Мекдони.

Ненси е ѕвезда на к-попот, односно популарната јужнокорејска музика, а се прослави со женската поп група „Momoland“. Оваа прекрасна 23-годишна девојка е родена во Јужна Кореја, но пораснала во Америка, бидејќи нејзиниот татко Ричард е Американец. Меѓутоа, таа се вратила во татковината за таму да го заврши средното образование.

Како што пренесува „CNA Life Style“, првите пет најубави жени ги комплетираа руската инфлуенсерка и модел Даша Таран, корејската пејачка Сана Минатозаки, холивудската актерка Гал Гадот и американската манекенка Џасмин Тукс, која минатата година беше победничка на оваа листа.

Аријана Гранде е на 79. место, британската актерка Ема Вотсон го зазеде 83. место, додека исклучително популарната и убава австралиска актерка Маргот Роби е само 90. на листата.

На врвот на овогодинешната листа на најубави мажи се најде американско-францускиот актер Тимоти Шаламе, додека минатата година беше на четвртото место.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi