Избркајте ги засекогаш: Досадните мравки, молци и бубашваби ќе си заминат со брзина на светлината

popara11 декември, 20231min00
70417_mravi-shutterstock-2025745196_f

Направете средства за уништување на инсектите кои најчесто се појавуваат во куќата. Ќе го направите тоа лесно, со состојки кои веројатно веќе ги имате дома.

Скробот ги уништува мравките

Тие обично влегуваат во куќата во потрага по храна. Затоа најчесто се наоѓаат во кујната. Растворете го пченкарниот скроб во вода и испрскајте ја патеката по која одат, како и сите мравки што ќе ги видите. Друг начин е прво да ги исчистите со правосмукалка, а потоа на местата каде што биле ставете сечкана кора од портокал или лимон. Мравките не можат да го поднесат мирисот на цитрус, па затоа ќе се држат настрана од вашата куќа.

Кедар ги отфрла молците

Малите штетници кои можат да се населат во шкафовите, мебелот и кујната ќе бидат избркани ако тие места ги испрскате со вода во која сте полиле неколку капки етерично масло од кедар. Молците не го поднесуваат неговиот мирис. Кога ќе ги вратите предметите, ставете платнени кеси полни со мешавина од мелени суви зачини (ловоров лист, мајчина душица, лаванда и каранфилче).

Мешавина против лебарки

Измешајте еднаква количина шеќер и сода бикарбона и посипете ги на местата каде сте забележале бубашваби. Нив ги привлекува шеќерот, па ќе ја изедат смесата, а потоа сода бикарбоната ќе ги уништи. Бубашвабите не го поднесуваат мирисот на лимонот, па кога ги бришете подовите, исцедете лимон во водата заради превенција – тие повеќе нема да ви влезат дома.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma