Има 2 тајни состојки, превкусна е и едноставно се спрема: Најсочната мусака која ќе ја обожавате

27 мај, 20230
363844_musakashutterstock-192508829_ff

Мусаката е едно од омилените јадења на нашите простори.

Состојките обично ги имаме секогаш дома, не бара долга подготовка, лесна е и за почетници во кујната, а најважно е што го собира целото семејство на трпеза.

Меѓутоа, доколку сакате да биде посочно и повкусно, во смесата со која во одреден момент ќе ја прелиете мусаката додадете павлака и рендано сирење.

Состојки:

1 кг компири
500 гр мешано мелено месо
1 морков
главица кромид
две чешниња лук
сол по вкус
бибер по вкус
суви билни зачини по вкус
малку млеко
малку павлака
1 јајце
маст/масло
100 гр рендано сирење

Подготовка:

На малку маснотии продинстајте ситно исечкан кромид, а кога ќе стане стаклен и проѕирен додадете две ситно исечкани чешниња лук.

Додадете го морковот и малку вода, па динстајте на тивок оган.

Кога зеленчукот е готов, додадете мелено месо и зачини по вкус.

Месото не го динстајте премногу, затоа што сигурно ќе претрпи понатамошна термичка обработка, но треба да ги преземе вкусовите на зачините.

Кога филот е готов, исечете ги компирите на прстени.

Тавата или плехот наменет за мусака премачкајте ја со маснотии и потоа наредете ги компирите, па намачкајте го филот.

Наредете ги компирите и месото наизменично, а горниот, последен слој е компирот.

Покријте ја тавата или плехот со алуминиумска фолија, па печете на 200 степени околу половина час.

Кон крајот, кога ќе омекне компирот, што можете да го проверите со боцкање вилушка во него, изматете ги јајцата, павлаката и млекото и ренданото сирење, па прелијте ја мусаката со смесата.

Намалете ја температурата на 180 степени и печете ја мусаката додека горната кора не порумени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi