Има 33 години, а веќе влезе на листата на „Billboard“ на најдобри изведувачи на сите времиња

12 септември, 20230
Screenshot_8

Тејлор Свифт е најголема ѕвезда на денешницата, а тоа го покажува и листата на „Billboard“ на најголемите изведувачи на сите времиња.

 

 

 

На првото место се традиционално „The Beatles“, а по нив следуваат „The Rolling Stones“ и Елтон Џон.

 

По нив следуваат три женски ѕвезди – Мараја Кери, Мадона и Барбра Страјсенд, а веднаш по Мајкл Џексон, на осмото место се најде Тејлор Свифт. Таа е најмладата изведувачка која се нашла во топ 10-те изведувачи на сите времиња.

 

Пејачката руши рекорди

Ова не е никакво изненадување за сите кои ја познаваат кариерата на Тејлор. Во јули оваа година Тејлор стана пејачка со најмногу албуми на првото место на листата на „Billboard“, а до тоа дојде по објавата на албумот „Speak Now (Taylor’s Version)“.

 

Свифт исто така стана првиот жив изведувач во речиси 60 години кој имал 4 албуми во топ 10 во исто време – „Speak Now“, „Midnights“, „Lover“ и „Folklore“. Од „Billboard“ велат дека Тејлор исто така е првиот жив изведувач кој истовремено имал 11 албуми помеѓу 200-те најдобри.

 

Во октомври минатата година, Свифт стана првиот изведувач кој некогаш истовремено ги заземал сите 10 места на американската топ листа на синглови по објавувањето на нејзиниот десетти студиски албум, „Midnights“.

 

Неверојатна заработка од турнејата

Тејлор моментално е на турнејата „The Eras“. Турнејата несомнено постигна глобален успех, распродавајќи многу концерти за неколку минути откако билетите беа пуштени во продажба. Пејачката заработува неверојатни 13 милиони долари по концерт.

 

Успехот на турнејата е толку голем што извештајот на „Wall Street Journal“ предвидува дека нејзината турнеја ќе ја засени прошталната турнеја на Елтон Џон во однос на бруто приходите од билетите и спонзорствата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi