Исповед на стујардеса: „Не нарачувајте кафе и чај во авион, верувајте ми“

popara4 септември, 20231min00
shutterstock81402448-830x0

Оние кои често патуваат со авион знаат дека храната во ова превозно средство можеби е помала во количина од оброкот на кој сме навикнати, но е со докажан квалитет.

Доколку огладнеме за време на патувањето, секако дека нема да ни недостига храната, особено ако е вклучена во цената на билетот. Но што е со пијалоците? По оваа искрена исповед на стјуардесата Кат Камалани, следниот пат ќе размислите двапати пред да побарате освежување кога ќе бидете жедни.

Таа објасни дека екипажот никогаш не пие чаеви и вода кога летаат, а сето тоа поради водата што доаѓа директно од чешмата во авионот.

Вистина е дека една шолја кафе може да не разбуди и да се чувствуваме добро, но после ова ќе размислите уште еднаш дали да ја порачате.

– Правило број еден, никогаш не консумирајте течност што не е во конзерва или шише. Понекогаш бокалите со топла вода, чај или кафе во авионите очигледно доаѓаат од чешмите за време на летот. Тие резервоари со вода никогаш не се чистат и се одвратни, искрено рече таа.

Како што вели, тие славини се поправаат само кога има дефект. Затоа ги советува патниците да избегнуваат пијалоци од тие чешми.

Ако патувате со бебе или мало дете и ви треба топла вода, Кат вели дека родителите можат да побараат флаширана вода со шолја топла вода во која можат да ја „спуштат“ флашираната вода за да му ја загреат водата на детето, пишува Дејли Стар.

Секако, оваа стјуардеса го сподели своето искуство, а правилата на секоја авиокомпанија бараат максимално почитување на сите услови за безбедност на патниците, па на вас е да одлучите на која ќе ѝ верувате.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag