Откако ќе го пробате овој трик, секогаш ќе го практикувате
За многу домаќинки, чистењето и бришењето на огледалата е една од најомразените домашни работи.
Иако не е физички напорна, бара време, трпение и вештина, а комерцијалните отстранувачи на дамки генерално не се доволни за конечниот блескав ефект.
За среќа, можеме да се потпреме на искуството на нашите баби кои многу едноставно ги чистеле огледалата, користејќи најобичен жив компир.
Сè што треба да направите е да пресечете еден компир на половина и да поминете со внатрешноста на компирот преку огледалото од горе до долу.
Оставете да отстои неколку минути, а потоа испрскајте го огледалото со обична вода од шише со распрскувач и истријте го со крпа од микрофибер.
За дополнителен ефект на сјај, можете да го исполирате со стар весник.
Покрај тоа што по овој третман ќе биде блескаво чисто, огледалото побавно ќе се замаглува, што е особено практично доколку на овој начин го одржувате чисто огледалото во бањата.