Исчистете ја мрсната врата од шпоретот без да користите хемикалии: Ќе блесне како нова

popara20 мај, 20231min00
shutterstock414078574-830x0

Лесен начин за отстранување на трагите од маснотии по готвењето во рерната

При подготовка на храна во рерната, неизбежно е со текот на времето да се акумулира маснотија на стаклениот дел од вратата на шпоретот.

Чистењето дамки од маснотии може да биде мачна работа, особено ако не го правите редовно. Домаќинките најчесто прибегнуваат кон хемиски средства, верувајќи дека тоа ќе биде најбрзиот и најефикасен начин за чистење на вратата на рерната.

Сепак, овие производи се скапи и имаат силен мирис, кој може да навлезе во внатрешноста на рерната, но и да „мигрира“ во храната при првите неколку употреби на рерната по чистењето.

За да не ви се случи ова, обидете се на природен начин да ги отстраните дамките од маснотии од вратата на рерната.

Спуштете ја вратата од шпоретот, на стаклениот дел истурете слој сода бикарбона, а потоа малку топла вода. Смесата што ќе ја добиете ќе наликува на погуста паста.

Оставете ја оваа смеса да отстои на вратата од рерната најмалку половина час, а потоа земете парче алуминиумска фолија, стуткајте ја и енергично истријте го стаклениот дел со неа. Комбинацијата од сода бикарбона и топла вода ќе направи маснотијата да се раствори, а триењето со алуминиумска фолија нема да го оштети стаклото, туку ќе го исполира.

На крајот од овој процес, само избришете го стаклениот дел од вратата на рерната со влажна крпа од микрофибер и оставете да се исуши.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag